Wi-Fi владиниот проект за поставување на интернет-киосци во руралните средини во земјава доби големи симпатии од учесниците на првата седница на Комитетот за развој на широкопојасен интернет што изминатиот викенд се одржа во Женева под покровителство на Обединетите нации, а го организираше Интернационалната организација за телекомуникации и УНЕСКО. Mакедонскиот Wi-Fi проект е уникатен сам по себе, бидејќи други земји го немаат направено на овој начин. Кога го изложив проектот во Женава, од страна на претставниците на ИТУ беше искажана желба да го следи напредокот на овој проект. Подготвуваме извештаи како одлучивме да одиме со ваков проект и кои ќе бидат крајните резултати. Пред се сакаме на жителите во рурални средини да им овозможиме да користат бесплатен интернет во наредните четири години. Наша цел беше да се донесе инфраструктурата и со инсталирањето на интернет-киоскот да можат жителите од операторот кој е присутен во тоа населено место да набават основен пакет за интернет во домаќинството.
Wi-Fi владиниот проект за поставување на интернет-киосци во руралните средини во земјава доби големи симпатии од учесниците на првата седница на Комитетот за развој на широкопојасен интернет што изминатиот викенд се одржа во Женева под покровителство на Обединетите нации, а го организираше Интернационалната организација за телекомуникации и УНЕСКО.
Според министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, македонскиот Wi-Fi проект е уникатен сам по себе, бидејќи други земји го немаат направено на овој начин.
-Кога го изложив проектот во Женава, од страна на претставниците на ИТУ беше искажана желба да го следи напредокот на овој проект. Подготвуваме извештаи како одлучивме да одиме со ваков проект и кои ќе бидат крајните резултати. Пред се сакаме на жителите во рурални средини да им овозможиме да користат бесплатен интернет во наредните четири години. Наша цел беше да се донесе инфраструктурата и со инсталирањето на интернет-киоскот да можат жителите од операторот кој е присутен во тоа населено место да набават основен пакет за интернет во домаќинството - вели министерот Ивановски.
Според Ивановски, во Женева се дискутирало како да се стимулираат владите и приватниот сектор да се продолжи со инвестиции во информатичките и комуникациските технологии со цел да се прошири инфраструктурата за широкопојасен интернет.
-Како заклучок од целиот состанок беше дека интернетот претставува најголем катализатор за развој и голем двигател на економијата. Беа посочени голем број примери, како Австралија каде оваа држава во наредните осум години ќе инвестира во широкопојасната инфраструктура, а тоа значи поставување на фибер оптика на цела територија на континентот - истакнува Ивановски.
Обединетите нации имаат милениумски цели кои се поставени уште во 2000 година, но од голем број причини тешко се реализираат.
-Сите земји-членки на ОН ги имаат прифатено овие милениумски цели за развој на општеството и оваа група на експерти се состана со цел да се покаже дека со проширувањето на широкопојасниот интернет поедноставно и поефикасно може да се реализираат овие милениумски цели. Меѓу нив е: намалување на сиромаштијата, еднакво образование на сите, еднакви права меѓу мажот и жената, намалување на морталитетот кај малите деца и кај младите мајки, борба против сидата и други болести, борба против климатските промени и заштита на екологијата и други. Заедничко е тоа што во моментот недостасува информација до граѓаните ширум светот. Доколку таа информација е достапна, тогаш овие милениумски цели поедноставно би се реализирале - вели Ивановски.
Министерот Ивановски вели дека токму затоа оваа комисија донесе десет предлог-мерки кои повторно ќе се ревидираат и на 19 септември годинава во седиштета на Обединетите нации во Њујорк ќе бидат презентирани пред генералниот секретар на ОН, Банки Мун.
-Ќе се предложи до сите држави-членки на ОН поактивно да се вклучат во имплементирање на миленииумските цели преку користењето на широкопојасниот интернет - појаснува Ивановски.
Министерството за информатичко општество следејќи ги препораките што доаѓаат од ОН и оние препораки што ќе доаѓаат од оваа Комисија веќе ги разгледува можностите за аплицирање за средства од ИПА проектот за едукација на населението во овие рурални средини и тоа од компонентата која е за развој на човечки ресурси.
-Се надевам дека тој проект ќе биде успешно прифатен од ЕК и ќе можеме да се посветиме многу повеќе на едукација на тоа население - рече Ивановски.